Заев и по три дена не открива што Македонија прифатила, а не било доволно за Бугарија

Што ново Македонија прифатила, но за Бугарија не било доволно? Одговор на ова прашање и по три дена се уште нема од премиерот Зоран Заев, кој конечно се појави пред медиумите, по новото евроинтегративно фијаско од петокот. Сепак изостана прецизен одговор на прашањето што стои во документот кој португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Силва го доставил до македонска и бугарска страна. Премиерот само кажа дека бил појдовна база за понатамошни разговори.

Според мене мислам дека португалското претседателство, португалскиот министер Аугусто Силва, заедно со неговиот тим воделе грижа за двете страни, за да бидат вклопени очекувањата. Кај нас рековме дека тој е добра база, појдовна основа за решение, ние го дискутираме сериозно и веќе се одржаа неколку состаноци и ќе продолжат секако во текот на оваа седмица, изјави Заев.

 Како што објави бугарски Бгнес во документот стоело дека Македонија прифаќа дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1944 година, односно дека пред тоа како македонски не постоел. Заев сега и потврди дека за оваа точка ќе се преговара.

-Тоа е реалноста, постоењето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и секако си имаат свое право како што тоа го регулираат согласно нивните документи и резолуции, да остане прашање за кое понатаму ќе може да се разговара, затоа што во неколку наврати јас досега реков, а и многу други наши политички личности, дека очекуваме час поскоро Бугарија да го признае и официјално да ги признае македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изјави Заев.

Инаку, покрај јазикот и идентитетот, камен на сопнување во спорот меѓу Македонија и Бугарија е Гоце Делчев. Официјална Софија бара да сме признаеле дека тој е Бугарин.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста