Заев и Османи не подготвуваат за компромис со Бугарија во мај или јуни?!

Не подготвуваат ли Заев и Османи за нови отстапки кон Бугарија и можен компромис во мај или јуни?Премиерот во телевизиско интервју истакна дека со Борисов се договориле веднаш по утрешните избори кај источлните соседи да започнат разговори за можно решение на отворените прашања. Заев е убеден дека до тоа може да се дојде. Ја споменува формулацијата два различни народи со заедничка историја во одреден период.

“Прозорецот на решението е тоа што го потврдуваат нашиот македонски народ и македонски јазик. И тоа треба да бидеме сигурни и ќе бидеме сигурни. Никој пат нема да бидеме дел од европската унија. Барем јас додека сум затоа што иобезличени сме прашина. ако сме прашина да не донесат на Марс џабе е. Кој ќе влезе во Европската унија ако не македонскиот народ. Со кој јазик ќе влеземе ако не со македонскиот јазик. Делот на историјата можеме на елегантен начин да го разработиме. Кој навистина покажа дека еден период навиостина сме имале заедничка историја помеѓу двата народи и двете држави”, изјави Заев.

И Османи на иста линија. Очекува рационални разговори од понеделник. Шефот на дипломатијата посакува брзо формирање на институциите во Бугарија за што поголема предвидливост за надминување на разликите. Погрешно било што до сега прво сме разговарале за работите кои не разликуваат, а не за она што ни е заедничко. Не одговори конкретно дали потфрлил и специјалниот владин претставник Бучковски. Знаел дека изборите ги киднапираат политичките процеси и ги подигнуваат емоциите на високо ниво. Министерот за надворешни работи вели дека сите напори се во насока на позитивен исход самитот на ЕУ летово.

“Ова ме прави оптимист дека после овој изборен процес кој се одвива во Бугарија ние ќе се вратиме во една нормална комуникација, рационална дебата, едно разгледување на нашите позиции и фокус кон иднината повеќе, отколку кон минатото. Знаејќи дека постои доволен потенцијал во двете држави за да се вратиме во оваа нормалност и рационалност во комуникацијата јас сум многу оптимист дека од понеделник ние започнуваме со друга поинаква динамика на комуникација со Бугарија што значи дополнителни напори во месеците што следат за да се фати оптималната можност за започнување на преговорите на Самитот во јуни оваа година”, рече Османи.

За разлика од ваквите ставови на Заев и Османи, лидерот на опозицијата Мицкоски пред неколку дена апелира веднаш да се одржи меѓувладина конференција ЕУ Македонија. Според Мицкоски нема простор за нови отстапки од македонска страна и дека притисокот треба да биде насочен кон Бугарија.

Градимир Марковски