Заев го најде виновникот за немањето вакцини во Македонија – компаниите немале капацитет

Одлични сме во нарачките,  ама не ни оди во набавките на антиковид вакцини. Откако не се реализираа најавите за кинеските и ни беше вратен авансот, премиерот Заев сега излезе со нова прогноза – овие денови ги очекувал првите пратки од директниот договор со Фајзер.

“Кога ќе ги правите пресметките, поминуваме преку 2 милиони вакцини. Проценките беа милион, значи сме направиле сè што треба да направиме. Дефинитивно, недоволниот капацитет на продукција е причината за доцнењето. Видовме во Албанија стигнаа вакцините, овие денови очекуваме првите пратки од директниот договор со Фајзер да стигнат кај нас.” потенцираше премиерот Заев.

Вакви најави и очекувања досега јавноста слушнала многупати.

И додека Македонија чека вакцини – бројките на заразени од Ковид19 растат, а британската мутација станува сѐ подоминантна. Дали треба нови рестрикции, има ли државата стратегија што понатаму и кој ќе понесе одговорност што доцни имунизацијата? Одговори нема, а македонските власти не се чувствуваат виновни и топката ја префрлаат кај производителите на вакцини – немале капацитет за производство. 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста