Заев го демантира Мицкоски и истовремено потврдува дека Софија бара од нешто што не би сакале да прифатиме

По десетина дена молк, Заев ги демантира информациите дека Бугарија бара промена на уставот и нов договор по принципот на Преспа. Вели Софија не барала од нас да се отвора највисокиот правен акт.

Бугарија не бара од Македонија промена на Уставот и решението не е преку потпишување на нов договор. Ние веќе имаме договор и треба да ги решаваме прашањата преку заедничките комисии.. – рече Зоран Заев – претседател на Влада.

Тврди дека договорот е добар, но сепак останува отворено прашањето ако навистина договорот е добар зошто со неговото потпишување не се затворија прашањата кои според Софија се причина за блокирање на патот на Македонија кон ЕУ.

Заев и понатаму сака без консензус со опозицијата да продолжи да ги решава проблемите кои ги наметнува Софија. Иако првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба токму за ова прашање,  Заев  се уште е на ставот дека немало зошто да се разговара со опозицијата за ова. Имало комисија и министерства кои преговарале со Софија.

По потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција, требаше да се затворат прашањата со соседите, но сепак , некои од проблемите дури и се продлабочија. Иако Македонија се откажа од своето малцинство во Бугарија, сега Софија преку меморандум упатен до Брисел бара да наметне дека македонскиот јазик и народ не постоеле до 1944 година.

Заев е оптимист дека ова нема да претставува проблем за одржување на првата меѓувладина конференција, но сепак подготвува терен дека и покрај оптимизмот , Бугарија може да не блокира.

Верувам дека Бугарија која беше најголем поддржувач ќе продолжи тоа да биде и во иднина. Во сите свои изјави и наративи тоа го потврдува. Јас верувам дека тоа ќе се случи во декември, но ако не се случи тогаш, треба да се знае дека се бара од нашата страна нешто што ние никако ниту смееме да разговараме ниту би сакале да го прифатиме, рече Заев.

Дали ќе се најде решение за евентуалното вето , најверојатно повеќе ќе се знае по средбата најавена за идниот месец меѓу Заев и Борисов.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста