Заев ги стави попишувачите на приоритетна листа за вакцина само на сила да го истурка пописот

Власта на секој можен начин на сила турка попис во време на пандемија и покрај безбројните критики во јавноста дека здравјето на граѓаните ќе биде загрозено. Најновиот метод на надлежните да спроведат попис е приоритетното вакцинирање на попишувачите кое денеска го најави премиерот Заев. Меѓу првите кои ќе се вакцинираат со дозите на вакцината Астра Зенека кои ќе пристигнат во недела ќе бидат оние кои ќе ги попишуваат граѓаните – иако според сите здравствени принципи и стандарди, приоритет за вакцинација имаат здравствените работници, високо ризичните категории на граѓани и лицата над 70 години.

Верувам дека пораката што ја испрати синоќа Мицкоски дека ако се вакцинираат попишувачите, а тие се секако планирани во првата категорија на граѓани за вакцинирање, ВМРО-ДПМНЕ јавно ќе дадат поддршка за пописот.Тогаш ќе бидеме навистина сите политички субјекти пропописот, освен Левица – рече Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска побараа пописот да се одложи за септември. Опозицијата вели  човечки и хумано е на толку многу заболени и на превисока смртност, приоритет за имунизација да имаат медицинските лица ,  хронично болните па потоа останатит . Според нив секој друг редослед или приоритет би значел давање предност на политиката наместо на човечноста во медицината.

Сметаме дека здравјето на луѓето треба да биде на прво место, а политичките и владините договори да бидат секундарни во овој поглед бидејќи животот нема реприза. Уште еднаш ќе повторам, повикуваме од страна на Владата и владејачкото мнозинство да закажат итна седница за да може законски да се интервенира и да се измени Законот за попис на населението со тоа што ќе се одложи за септември, како најран можен месец за одржување на попис под услов во месеците кои се пред нас да има сериозен и динамичен процес на имунизација – изјави Милошоски.

На само помалку од една недела, од стартот на пописот, регистрирани се четворица заразени попишувачи. Во меѓувреме, ДЗС и официјално ги објави протоколите за попис. Првиот човек на институцијата, Апостол Симовски, се пофали дека биле набавени скафандери, маски, средства за дезинфекција, со што биле подготвени да го стартуваат пописот наредниот четврток.

Овие смирувања од надлежните дека пописот ќе биде безбедна операција, не го намалуваат отпорот на групи граѓани кои јавно се против и покрај заканите на Власта дека оние што повикуваат на бојкот ќе одговараат кривично. Правниците пак, контра заплашувањата на Власта. Велат нема законска можност да се казнат оние што бојкотираат, оти се коси со правата за слободно изразување.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста