Заев ги “пушта низ вода” Богоев, Богдановиќ и Марин?!

Познати голем дел од имињата за кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ. Петре Шилегов ја доби поддршката од Заев, и ќе биде официјалниот тркач на солцијал демократите во трката по градоначалничката фотеља. Велимир Смилевски од Бутел исто така ќе биде официјален кандидат, како и Филип Телмелковски од Кисела Вода, но дали ќе извисат Саша Богдановиќ од Центар, Марин од Аеродом и Богоев од Карпош? Тројцата поднесоа кандидатури до партијата, Заев во вчерашната изјава нив не ги спомена. Се погласни се шпекулациите дека несогласувањата во партијата меѓу скопското крило и струмичкото крило ќе резултира овие тројца сегашни кандидати ќе бидат колатерална штета во битката меѓу клановите во партијата.

Мртва трка во внатрепартиските анкети е и во Битола, помеѓу актуелната градоначалничка Наташа Петровска, и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, се шпекулира по партиските кулоари.

Голем дел од имињата кои вчера ги сооптши Заев се веќе стари кадри и познати имиња во локалната политичка сцена, премирот вели тие соопштените кандидати најдобро котирале на анкетите.

Она што меѓудругото предизвика лавина на реакции по соопштените имиња од страна на Заев е и недоволната застапеност на жени кандидати за градоначалнички. СДСМ во првата група на кандидати, предложи само три кандидатки, од кои две се веќе актуелна градоначалнички. Првата на Арачиново Милиќие Халими и втората  Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане.  Кандидатката за Петровец Елизабета Зелениковска е ново име во трката за локалните избори. Според партискиот лидер Зоран Заев малиот број на женски имиња за градоначалнички се должи на партиските анкети кои покажале , кој кандидат како котира кај граѓаните во неговата општина, но кај советничките имиња ќе биле застапани повеќе жени, рече Заев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста