Заев: ДУИ по изборите ќе оди во опозиција

ДУИ сака само партиско-политички калкулации, тоа е поената на нивниот предлог за премиер Албанец, рече во вечерашното гостување во „Клик плус“ претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој рече дека ДУИ заминува во опозиција после изборите и дека „редно е да видат малку што е опозиција, здраво ќе биде за нивната партија, но и за државата“.

„ДУИ ги потценува граѓаните со ваквиот предлог. Тие не го кажуваат името на нивниот кандидат и нема ни да го кажат. Ако го кажат името, знаат дека ДУИ не може да ги повика сите албански партии заедно. Ете го господинот Дестани демантираше дека тој сака да биде нивен кандидат“ – вели Заев.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста