Заев допрва ќе го продава блиндираниот Мерцедес за да се набават амбулантни возила

Вечерва ви најавувам ќе го вратиме тенкот, мерцедесот на Груевски од 600 000 евра и со парите од неговата сегашна вредност ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија…-рече Зоран Заев претседател на Владата (08.10.2017).

Вака зборуваше Заев пред 3 години, тогаш бараше поддршка од граѓаните ветувајќи дека блиндираниот автомобил ќе биде брзо продаден. Овој  став на Заев, продолжија да го пренесуваат и портпаролите на владата кои гордо кажуваа дека автомобилот е остаток од режимот. И ќе се ослободат од него.

Овој мерцедес е симбол на нерационално трошење на парите на граѓаните на Р. Македонија во едно време кое сакаме да биде оставено зад нас рече Миле Бошњаковски – портпарол на Владата ( 14.02.2018).

Но блиндираниот мерцедес не се продаде, во него се возеа делегации, но и Владата го користеше. После се предомислија, мерцедесот не го продаваат бил изгребан од мачки, а и ќе чекале да заврши случајот Тенк, па потоа ќе го ставеле на аукција.

Случајот Тенк заврши пред речиси два месеца, а дури вчера Заев рече ќе го подавале.

„После пресудата на Врховен суд предметот е завршен и сега може да се направи вештачење колку пари би можел да се продаде и да се направи одлука согласно тоа, што да се прави со него“, вели премиерот Зоран Заев.

Побаравме одговор од Владата – зошто се чекаше досега и тие дадоа сличен одговор на оној на Заев, но не одговорија за колку пари  сега ќе го продадат, оти од пред 3 години до сега се има намалена вредноста на автомобилот. Дел од аналитичарите велат дека актуелизирањето на темата мерцедес во овој момент е политички трик, но и тастер за паника, за секој пат кога се случуваат крупи работи во државата, продажбата на автомобилот се враќа во игра.

Прашањето на мерцедесот испадна битпазарска матеметика. После толку време со девалвација и амортизација на цената на мерцедесот после  неколку години, зошто кај поскапите автомобили таа девалвација на цената оди рапидно. Единствениот начин да се продаде тој мерцедес во овој момент е да се остави на некој плац на Бит Пазар и некој да го купи од втора рака…. вели Агим Јонуз – аналитичар.

Останува отворено прашањето ако навистина Заев имал искрена намера да го продаде мерцедесот дури и откако ќе заврши случајот Тенк, зошто чекаше овие два месеца, зошто веднаш не го продаде и не ги искористи парите за амбулантни возила чија набавка и достава трае околу 60тина денови?

Поврзани вести