Заев честиташе победа без да ја спомене Македонија и доби жесток одговор

На кого му честиташе синоќа екс премиерот Зоран Заев? Во честитката на ракометарите тој никаде не го спомна името на државата, немаше ниту Македонија ниту Северна Македонија како што вообичаено ја именува земјата.За Заев репрезентативците не се макеоднски туку МК ракометари.

Честитки и нека биде ова прва победа во низата што ќе ве однесе поблиску до највисоките места на Европското првенство.

Горди сме на нашите #MK ракометари и заедно со нив одиме на наредна победа. – напиша Заев на социјалните мрежи.

Можеби случајно а можеби и не, Заев заборави на Македонија и македонски.Токму тоа предизвика бура реакции од фановите.

– “Сега игра Македонија, кога ќе игра таа твоја Северна тогаш навивај си…

-“Напиши Македонија што се стискашсе дел од реакциите.

Дел од партиските функционери на СДСМ пак велат дека нема да навиваат за репрезентација за која играат  Стојанче Стоилов и Кире Лазаров. Ова на фејсбук го напиша Воислав Попоски претседател на локалниот огранок на СДММ Вевчани и еден од најблиските соработници на Дарко Каевски претседател на  младината на владејачката партија.

Никогаш нема да навивам за Стоилов и Лазаров. Репрезентацијата на Р.С Македонија ја нема мојата поддршка поради овие личности.стои во статусот на Воислав Попоски.

Ова не е прв пат, сипатизерите на СДСМ да ги нападнат македонските репрезентативци. Стоилов беше на удар кога на пресконференцијата по освената титула на Вардар во ЛШ,  кажа дека неговата држава е Македонија а не Северна Македонија.

 Ања Василева 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста