Заев: Ако сака Мицкоски нека биде дека јас го донесов вирусот од Кина, но да одиме на избори

СДСМ не се откажува од брзи избори во услови кога статистиките покажуваат зголемен број на заболени..Подготвени се за компромис за изборен датум, но само уште девет дена. Владеачката партија смета дека е можен договор додека трае вонредната состојба. По 30 мај според социјалдемократите продолжуваат да течат законските рокови за избори на 21 Јуни. Заев повикува на избори бидејќи тој начин државата ќе добиела сигурни институции и ќе била стабилна за да може да се справи со сите проблеми.

“Еве, ако сака Мицкоски, нека биде вака, јас нека сум виновен за се, јас сум виновен за корона кризата, јас го донесов вирусот од Кина. Но, дајте, исправени сме пред сериозни одлуки. Да го фатиме првиот можен момент”, вели Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ не ја отфрлаат можноста за договор но истакнуваат дека нема приближување на ставовите. Она што го гледаат кај СДСМ засега е само обид за спас на кариерата на Заев. Велат дека здравјето на граѓаните треба да биде приоритет.

“Во моментов ни е потребна сериозност наместо сарказам. Заев не треба да си поигрува со судбината на луѓето. Најважно е здравјето на граѓаните”, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Простор за Јули наместо Јуни остава и лидерот на БЕСА Билал Касами. ВМРО-ДПМНЕ ги предложи 23 30 Август и 13 Септември.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста