Заев: 2024 ќе се повлечам од политиката, за да не станам автократ

Премиерот Заев планира за 3 години да се повлече од политиката, соопштува тој во интевју за српски Курир. Во 2024 година ќе си се врател на работа во семејните компании, вели Заев, оти во политиката требало да доаѓаат нови луѓе зошто еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати. Во спротивно, според него, постои ризик премиерот да стане автократ.

Извор Курир.рс

Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Здраво е секогаш да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека тогаш и ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да работам комерцијално. Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва. Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А јас со мотика дојдов во политика. Катастрофа. Но во таа доба беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Политиката е како порок – тешко е да влезеш и да излезеш. Но, секако, голема чест е да се биде премиер на својата земја – рече Заев.

Дали Заев ќе си остане доследен на оваа изјава е отворено прашање, особено ако се земе предвид фактот дека досега не секогаш си стоел на зборот.  Велеше дека името на Македонија нема да се промени, но сепак добивме придавка пред него.

Во јавноста веќе одамна кружат шпекулации дека првиот човек на Владата има аспирации како неговиот претходник Црвенковски, односно дека сака откако ќе заврши неговот мандат како премиер, претендира да седне на столчето на Пендаровски.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста