Задоцнетиот пакет мерки го намали бројот на компании кои аплицираа за државна помош

Одоговлекувањето на пратениците да го изгласат петиот пакет мерки   директно влијае на намалување на бројот на компании кои аплицираа за државна помош. Добар дел од компаниите не успеаја да го издржат притисокот и беа принудени да отпуштат работници, укажуваат од Организацијата на работодавачи. Според првичните анализи на Министерството за економија за државна помош  во март аплицирале11.300компании, за разлика од февруари кога бројот на компании  беше  11.900, што е за 600помалку.

  „Оние што не можеа да го издржат притисокот што ни го направи Парламентот во изминатите месеци , дел од компаниите не можеа сами да поделат плата и се определија за напуштање на работници. Тие сега сакаат да конкурурат , но е касно„-изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работидавачи.

Бидејќи состојбата е најалармантна во текстилната индустрија, текстилците бараат  пакет на мерки наменет само за нив. За ова веќе се преговара, но дали помошта ќе биде во исплата на плати или осовременување на производствениот процес допрва ќе се одлучува .

  „Како што гледам повеќе се расположени да инвестират во развој отколку во исплата на плати. Тоа е добро , но ако немате вие да ги задржите рабпотниците , за каков развој може да разговараме„ – изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи

Димитров укажува доколку локдаунот во Германија продолжи  до крајот на јуни и  нема помош за април, мај и јуни постои опасност најмалку 30%од вработените, а тоа е околу 10.000луѓе да останат на улица. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста