Задоцнети и нецелосни мерки, итно да се размилува за периодот што следи – алармираат експертите

Половина од работниците  во државата кои во изминатиот период се испратени на колективен одмор ќе се вратат на работа. Петиот сет иако задоцнет, засега ќе ги стабилизира работните места на над 5000 работници. Економските мерки ќе ја амортизираат штетата  но само  во финансиски стабилните комании кои во изминатите два-три месеци ударот од кризата го ублажуваа со сопствени резерви, сметаат од Организацијата на работодавачи.  

„Оние компании кои не се финансиски стабилни, кои имаат кредити, долгови и други неплатени обврски најверојатно нема да се одлучат за оваа помош и работниците ќе останат напуштени. Мора да знаеме дека финансиската помош е најмалку 14.500ден., но компаниите мора да ги платат даноците и придонесите и ако имат други обврски тогаш состојбата станува покритична„- изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи

Ако локдаунот во Германија која е и најголем  стратешки партнер на домашните извозно орјентирани компании продолжи и во наредниот период , под итно треба да се размислува и за донесување на шести пакет на мерки со што ќе се обезбеди плата за април и мај алармираат и експертите и работодавачите.

  „Ние знаеме во петтиот пакет мерки единствено се вклучени месеците февруари и март. Во тој момент кога тие мерки биле носени проекциите биле дека кризата ќе престане на некој начин или нема да биде во толкав интензитет во вториот и третиот квартал од 2021 год. Сведоци сме дека месеците април и мај ќе бидат проблематични посебно во текстилната индустрија, но да не ги заборавиме угостителскиот сектор и останатите услужни дејности „-изјави проф.Дарко Лазаров-Економски факултет-УГД

Компаниите ќе може да аплицираат до крајот на месецот, а еден од условите е да нема намалување на бројот на работници. Од бројот на работодавачи кои ќе конкурураат за мерките ќе се знае колку од компаниите  и понатаму ќе  продолжат со работ. Според експертите едно загубено место во текстилната индустрија , голема е веријатноста да повлече дополнителни две работни места во услужниот сектор, со што штетите би виле огромни. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста