Зад петте струмички фирми стојат членови на семејството Заеви – тврдат Струмичани

Откако Алфа истражуваше за скандалот со петте струмички фирми за кои во јавноста излегоа информации дека оствариле вкупен поврат на ДДВ од 5,2 милиони евра за само 4 месеци во 2020-та година и тоа во време на пандемија и намалени работни активности, откривме дека станува збор за фиктивни адреси. На наведената адреса ја најдовме само Џокс Премиум, чиј сопственик и управител – Ристо Крмзов беше и единствениот кој не’ прими.

Иако дел од нив претходно побараа да дадат официјална изјава за да ги презентираат официјалните бројки и да искажат свој став, сепак, не бевме повторно повикани.

Според добиените информации од Централниот Регистар, дојдовме до интересни сознанија. Адресата на која фигурира Винас Текстил, е истата на која е пријавен сопственикот и управител на Арена Метал – Горанчо Трајков, кој пак, е сопственик и управител и на Винас Текстил. На таа адреса претходно утврдивме дека овде веќе 40 години живее еден ист станар.

Сопственикот и управител на Нетком Плус – Петар Костов и сопственикот и управител на Сакаов Транс – Ванчо Сакаов, своите фирми ги завеле на иста адреса. Оттаму се веќе преместени и лоцирани во новиот станбен комплекс „Крмзов-М“ кој се’ уште е во изградба.

Зад камерите на Алфа, граѓаните на Струмица ни потврдија дека сопствениците не се роднински поврзани и дека зад сите овие 5 фирми, како организатори всушност стојат членови на семејството Заеви.

Ги прашавме струмичани и дали лично ги познаваат сопствениците на петте фирми, со што се занимаваат и какви луѓе се, на што ни одговорија:

Претходно, директорката на УЈП – Сања Лукаревска, за Алфа изјави дека парите на фирмите сѐ уште не се исплатени и дека дел од нив доставиле неточни податоци во пресметките. Таа тврдеше дека била извршена контрола, бил направен наод и сумите биле корегирани и дека сепак, деловна тајна било колкав поврат на данок ќе добијат фирмите на крај.

 

Дијана Тасева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста