Забрзано се гради сообраќајницата што ги поврзува двете штипски населби „8-ми Септември“ и „Баби“

Забрзано се гради сообраќајницата што ги поврзува двете штипски населби „8-ми Септември“ и „Баби“

Интензивно се гради булеварот Партизанска во Штип. Со општински пари, локалната самоправа ќе му даде комплетен нов лик на едно од најнебезбедните места во градот.  Сообраќајното решение кое ќе ги поврзе двете штипски населби  „8ми Ноември„ и „Баби„  предвидува четири сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека,зеленило, како и целосно осветлување на просторот којшто досега беше неуреден и темен..

   „Плановите за овој дел од градот е да има развојна компонента. Старото нервно одделение кое времено се користеше за домување од страна на ранливи категории, во иднина ќе прерасне во зона за домување, за изградба на станбени објекти„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Освен сообраќајно овој потег ќе се уреди и подземно. Азбесните цефки ќе бидат заменети со нив , како и промена на целата водоводна и кализациона мрежа. Јорданов, најави и изградба на мега парк со забавни содржини.

   „Веднаш под булеварот „Партизанска„ на потегот помеѓу населбите „8ми Ноември„ и „Баби„ поврзано со пешачка и велосипедска патека покрај река Брегалница, ќе се изгради мега парк со различни содржини кои ќе бидат користени од сите жители на нашиот град„ изјави Јорданов.

  Проектот чини околу 100милиони денари, а општината овие средства ги обезбеди од сопствениот буџет, откако претходната влада не имја  одобри општинска обврзница. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста