ЗАБРАНЕТИ ПОСЕТИТЕ НА ТАЧИ И ПРИПАДНИЦИТЕ НА ОВК ВО ПРИТВОРОТ ВО ХАГ

Поранешните политички и воени лидери на ОВК, кои се приведени од Специјалниот суд во Хаг, можат само преку видо врска да комуницираат со членовите на своите семејства, а никој не може физички да ги посети. Посетите во притворската единица во моментов не се можни поради ограничувачките мерки поради коронавирусот. Со цел да се олесни редовниот контакт со семејството, овозможени се средби преку видео врски, изјави портпаролката на Специјалниот суд, Ангела Грип,. Седум поранешни политички и воени лидери на ОВК се обвинети за серија злосторства, од заплашување на сведоци, до убиства и лошо постапување. На списокот на обвинети се Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Саљих Мустафа.

Поврзани вести