Забранет влез за македонците во Грција, но и Србите вратени без образложување

Македонците ќе почекаат за грчкото море. Грција иако официјално отвори дел од граничните премини со Македонија, Бугарија, Турција и Албанија, сепак, забраната за влез на нашите државјани останува да важи.
На граничниот премин „Евзони“ кој од 8 часот утрово беше отворен за патен сообраќај ,се се одвиваше во најдобар ред, а се правеа вообичаени контроли, како и проверки за примена на мерките за заштита од Ковид-19. Според Јасмина Аврамска – Командир на граничен премин „Богородица“, се пуштаат европски државјани и државјани на Србија и Црна Гора.

Утрово биле спречени и неколку обиди за влез во Грција на македонски државјани, при што веднаш биле вратени назад.
Српските државјани пак, без образложување и покрај соодветно приложената документација, беа враќани назад од грчката граница. Велат, грците се предомислиле во последен момент.

Инаку, македонците можат да влезат во Грција само поради есенцијални причини, односно можат да влезат членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини и студенти.

Дијана Тасева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста