Забраната за зелени карти во САД ќе остане до крајот на годината

 

САД ќе ја продолжи забраната за одобрување зелени карти до крајот на годината.  Висок службеник на администрацијата, кој сакал да остане анонимен, рекол дека забраната ќе остане на сила со цел да се ослободат што е можно повеќе работни места.

Забраната за нови визи се однесува на визи што ги користат големите американски технолошки компании, визи за сезонски работници, за размена на студенти и за директори на мултинационални корпорации.

Според претпоставките на администрацијата, ова ќе создаде до 525.000 работни места за Американците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста