Забава за испраќање на короната во Прага

Светската здравствена организација неделава предупреди дека пандемиајта на Ковид-19 не е ни блиску до крајот, но тоа не ги спречи Чесите да организираат голема забава во Прага за да го „испратат“ коронавирусот.
Илјадници гости седеа на 500 метри долга маса поставена на Карловиот мост споделувајќи храна и пијалоци кои го донеле од дома. Споделувањето беше охрабрувано од организаторите, а не се почитуваше ниту одржувањето социјална дистанца.