За време на полицискиот час најмногу се купуваше посна храна, алкохол и аналгетици

Алкохол , риба, цигари, посни прехрамбени продукти – ова најмногу се купувало викендов за време на најдолгиот полициски час досега во Македонија.
Маркетите со полни раце работа. Оналајн нарачките постојано пристигнуваа. Се пакуваа пакети и се доставуваа до врата.
И дежурните аптеки добиваа голем број нарачки. Се барале аналгетици, антибиотици со претходно препишан рецепт, како и терапии за хронични болести кои треба континуирано да се примаат. Побарувачката за гелови и останати препарати за дезинфекција била значително намалена во однос на работните денови.
Телефоните постојано ѕвонеа и во рестораните. Најмногу граѓаните нарачувале пици, риба и рижото.
Адријана Алексиеска