За враќање на убавите славни денови: „Билет за спас на Вардар“- Комити со акција за спасување на скопската гордост

Пред само три и пол години со голот на Никола Глигоров Вардар ја испиша историјата, го завери пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. По само три и пол години, денешниот Вардар воопшто не е ниту налик на оној тим кој имаше европска есен.

Денес црвено црните ги преживуваат своите најтешки денови, со поставува прашањето дали клубот ќе преживее, пари нема, управа нема, единствено тие се уште ги немаат почнато подготовките за вториот дел од сезоната. Надеж постои, најмногу кај најверните фанови на Вардар, Комитите, кои под мотото „КУПИ БИЛЕТ ЗА СПАС НА ВАРДАР“ почнаа акција за собирање финансии за клубот. Иако поради ковид 19 публика на трибините не смее да има, се купуваат картите кои чинат по 100 денари.

Имаме можност да напишеме нови славни страници од историјата на црвено црниот свет, а за тоа да го направиме потребно е да направиме само еден мал чекор, да купиме билет на еден натпревар каде игра нашиот Вардар. Ова е шанса за сите нас кои од страна навивавме нештата да тргнат во вистинската насока, чекајќи други да ја завршат работата, се вели во повикот на Комити.

Покрај фановите кон овој повик се приклучуваат и многу други, како поранешни тренери и фудбалери. Дека купиле билети на социјалните мрежи се пофалија Филип Петковски и поранешниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров. Повик за приклучување кон акцијата пристигна и од Бразил, пораки за поддршка испрати вардаровата легенда Вандаир, како и Деилсон.

Комитите се надеваат дека овие црни денови ќе поминат, дека клубот повторно ќе биде оној добропознатиот силен Вардар. Билети се купуваат, се повикува секој кој може да купи, за на трибините повторно да ја имаа онаа препознатлива победничка атмосфера.

Матеја Петровски

Advertisements