„За влакно“ избегната огромна трагедија во Радожда, карпа падна во дворот на куќата на семејството Пејоски

“Не стравувам за својот живот,стрептам за моите деца и внучињата оти вчера утро само чудо не спаси од огормните камења кои се одделија од карпата и се срушија врз помошните простории, малку фалеше нашата куќа да ја срамнат со земја-велат крајно вознемирени и растревожени, сопружниците Пејоски од струшко Радожда кои стравуваат ужасот да не се повтори.

Секоја минута очекувам дека ќе загиниме,дека ќе не потфати каменов.Каде бевте во моментов, внатре дома?Внатре, дечињата ги будевме за на школо, кога почнаа да пиштат, јас не знаев кога да го смирувам побрзо – изјави Живка Пејоска.

Станавме сите.Се уплашивте? Сите имаме страв.Се спуштивте долу?  Се спуштивме,шокирани бевме како да Ви речам.За да оставам дете мое овде да живее, нема шанси, а за нас постари и на мене не мрдам од овде, не ми треба никаде да одам, децата барем да се спасат -изјави Гаврил Пејоски.

Во моментот кога се срушила карпата со тежина од околу 5о тона, во куќата имало 15 души од кои 4 деца,но одронот претставувал закана и за десеттината околни куќи.Силниот удар и непносливиот татнеж, ги кренал на нозе радождани кои бргу ги напуштиле своите домови.

Страв и паника постои и кај жителите на Радожда бидејќи половина од куќите во селото се изградени буквално под карпа.Доколку не реагираат надлежните, размислуваат барем времено да се иселат од таму бидејќи не се чувствуваат безбедни.Глетката велат беше страотна.

Па селото навистина е под карпа и постои опасност целата карпа да се сруши, ќе се сруши бидејќи никој не е дојден овде да види.Од сите страни е испукано, можете да снимате да видите дека од сите страни е испукано.Треба  да дојдат геолози да испитаат, бидејќи овде не е безбедно за живеење повеќе – изјави Михало Сајкоски.

Се одвои дел од карапата, поголема тонажа огрома карпа се одрони.Ова не е десено 200 години во Радожда,прв пат од карпава да се одвои дел.Бараме од надлежните да дојдат да видат што понатака – додава Скрчески.

Општинските инспектори излегоа на терен, направија неколку фотографии и заминаа.Ги прашавме што ќе превземат и колкава е опасноста карпите повторно да се срушат,колку всушност е безбедно населението,но не сакаа да одговорат. Доброуаптени за Алфа велат, факт е дека во туристичко Радожда поради атрактивноста нелегално се градат голем број куќи,кој потоа се легализираат,и за тоа некој мора да понесе одговорност,но за воља на вистината старите радождани ги изградија куќите на темелите од дотраените огништа.Стручни лица мора да изезат на терен и да направат увид, бидејќи состојбата во Радожда е алармантна.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста