ЗА ВАН ДАЈК СЕЗОНАТА Е ЗАВРШЕНА, ЛИВЕРПУЛ БАРА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ВАР СИСТЕМОТ

Ван Дајк има скинати предни лигаменти што ќе бара седуммесечна рехабилитација, па за него оваа сезона е завршена. Сето ова по остриот старт на голманот на Евертон Џордан Пикфорд кој во градското дерби го повреди Холанѓанецот. Инаку во тој меч настрада и Тијаго Алкантара, па и Шпанецот синоќа бил на прегледи, но на негова и на среќа на црвените кај него нема последици по бруталниот старт на Ричардлисон. По овие две ситуации, но уште повеќе заради поништениот гол на Садио Мане во финишот на средбата Ливерпул побара од ФА ревидирање на одлуките на ВАР односно разгледување на случаите со употреба на системот. Скај Спортс соопштува дека во англискиот првак се убедени дека во двете ситуации со тешката повреда и со поништениот гол згрешиле и дежурниот арбитар на ВАР, но и софтверот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста