За Украина итен прием, за Македонија вето – двојни стандарди на Бугарија – како кризата ќе влијае на спорот?

За Македонија вето за преговори, за Украина безусловна подршка за итно членство во ЕУ – братска Бугарија со двојни аршини за интеграциите, побрза меѓу првиите да стави потпис за Украина веднаш да стане дел од Унијата. Дека случувањата во завојуваните подрачја ќе влијае и на преговорите за тргање на бугарското вето, потврди и шефот на македонската дипломатија. Министерот за надворешни Бујар Османи под превезот на она што се случува во Украина најавува дека ќе се интензивираат разговорите  со официјална Софија, ама не појаснува какви отстапки ќе повлече тоа. Затоа побрза да направи паралела дека на Балканот веќе има отворени билатерални перашања по примерот на Русија и Украина.

И додека македонските власти под превезот на она што се случува во Украина бараат брзо решение со Бугарија , опозицијата стравува дека власта ќе ја искористи ситуацијата за нови отстапки. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски предупредува дека потребни се цврсти гаранции за самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ и порачува дека на Македонија и се случува мек напад и агресивна бугарска политика, која што директно удира во темелите на македонските национални интереси.

Случувањата во Украина на кои се посветуваат двете влади сепак не ги фрлаат во сенка интензивните состаноци на кои инсистираат Скопје и Софија,а тоа значи дека интензивно се работи на остапки за кои треба да се согласат и двете страни.

Ивана Соколовиќ Најдова