За три недели во Скопје ќе се одржи состанок во врска со изградбата на пругата кон Бугарија

За три недели во Скопје ќе се одржи состанок во врска со изградбата на пругата кон Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за три недели во Скопје ќе се одржи состанок во врска со изградбата на пругата кон Бугарија. Тој потсети дека последниот состанок се одржал во Софија, а претходно имало дијалог на високо ниво во Брисел.

– Добро е што аргументите за кои од наша страна цело време апелираме се прифатени и практично проектот сега ќе се разгледува ова трета секција од градот Крива Паланка до влезот на тунелот, кој е спорен, за кој од бугарска страна нема проект. Самиот тунел ќе биде заеднички проект. Конечно имаме јасна определба од страна на бугарската страна дека и тие ќе влезат во проектирање, така што македонскиот дел и бугарскиот дел ќе ги спои овој тунел. Бугарската страна ќе си го преземе делот на поврзување од излезот од тунелот до нивната национална железница, со што се отвора можност од почеток да ја започнеме оваа процедура и во најбрзо време очекувам до пролет лето идната година да го завршиме оној дел кој е наша обврска, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кои се заклучоците од состанокот на тема изградба на пруга кон Бугарија, по направениот надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.

Дел од  бугарските медиуми повикувајќи се на извори во Министерството за транспорт на Бугарија објавија дека на состанокот во Софија се разговарало само за технични детали, а не биле прифатени аргументите од македонската страна. Коментираат дека директорот на бугарското Претпријатие за железничка инфраструктура, кој присуствувал на состанокот со претставниците од Македонија и Европската Унија, немал овластувања да преговара.

Генералниот директор на националното Претпријатие за железничка инфраструктура на Република Бугарија нема овластување да презема политички обврски. Го изразуваме ставот за важноста на Коридорот 8 и неопходноста од негова изградба во рамки на утврдените параметри. Изјавите во македонија уште еднаш јасно ставаат до знаење дека техничкиот состанок се користи за политички пораки, пишува БГНЕС.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста