За спас на власта и мир во коалицијата, Заев ги враќа министерствата без ресор

Дали задоволувањето на апетитите на Алтернатива и нејзините 4 пратеници ќе ја разниша и онака нестабилната Влада? Заев спас за баланс меѓу коалиционите партнери ќе бара во воведување на нови министерства без ресор, кој самиот тој во август 2020тата година ги укина.

Јавноста реагира, во време на криза, здравствена,економска, енергетска за купување мир и време во Владата, Заев ќе ги троши народните пари на воведување минситерства за без ресор. Реагираат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Мицкоски вели дека ова е дополнително осиромашување без потреба на народот кој и онака е сиромав.

Тоа е повторно оптеретување на буџетот на државата, буџетот кој што го полни стопанството, кој што го полнат граѓаните, дополнителен трошок кој што е непотребен, а се со цел да се продолжи политичкиот век на траење на овие политичари, тоа е суштината, се останато е само политички фолклор и обид да се направи некој полиитчки маневер од страна на Зоран Заев и СДСМ неуспешен се разбира, бидејќи се прочитани од страна на народот изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Но не само дел од партиите и граѓаните, на инфомацијата за нови министерства без ресор реагира и дел од експертската јавност.

Во време на длабока и застрашувачка криза, и продлабочување на сиромаштијата , тие создаваат мегаломански влада – бројот на џаболебари без ресор и со етнички предзнак ќе расте, на наш грб.Ние сме (политички) ИДИОТИ!!!“-вели Билјана Ванковска – универзитетски професор.

Од пак Владата не кажуваат каков назив ќе носат новите министерства, ниту пак даваат инфомација колку ќе бидат на број , колку вработени ќе имаат, колку пари за нив ќе се трошат месечно и на кои политички партии ќе припаднат.

Штом се утврдат сите детали околу ресорите и кадровските решенија за овата проширена Влада, јавноста веднаш ќе биде информирана велат Владата.

Инаку Владата во моментов брои 19 министри и премиер. До август 2020 односно до составот на новата влада по последните парламентарни избори владата броеше 27 министри плус премиер. Кога Заев го претставуваше новиот кабинет рече дека се крати бројот на министри без ресор со цел да се добие поефикасна влада со намалени трошоци на функционирање.

Мери Ѓорѓиевска

Поврзани вести