За системските пропусти и грешки нема што да се чека истрагата

Додека се чекаат официјалните детали од истрагата за вистинската причина за трагедијата во тетовскиот ковид центар како изгледаше  хронологијата за плановите, набавката и поставувањата на модуларните болници?  Откако се констатираше дека е неопходно нивно поставување, мораше прво да се измени законот за градба. Од него потоа произлезе дека решение за поставување издава Министерството за здравство. Модуларните болници воошто не се водат како градби и затоа за нив не важат стандардите за градби од прва, втора трета категорија.Овие објекти се водат како монтажни објекти нешто налик на трафика. Истото го призна неколјупати и премиерот Заев.

„Дефинитивно сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери префабрикати, односно претходно сработени во фабрики. За таквите времено поставување на објекти не се дава употребна дозвола, се прави примопредаавње на такви објекти и Законот јасно тоа го опишува. Сум бил градоначалник и знам кога се дава употребна дозвола. Таму кај што имате дозвола за градба се дава и употребна дозвола. Таму кај што имате времено поставување на модуларни префабрикати контејнери, префабрикати значи претходно изработени во фабрики, таму се дава примопредавање“, истакна Заев во интервју за Канал5.

Според министерот Филипче неопходни биле модуланите болници но и најпрактични, нивното постоење не спасило да не не снајде италијанското сценарио.

“Нема модел со којшто можат да се обезбедат 700 болнички кревети за помалку од 2 месеци, во спротивно ќе го имавме италијанското сценарио, да немавме каде да ги сместиме и да им пружиме грижа на заболените“, вели Филипче.

По поставувањето на монтажните болници следи и нивно опремување: приклучување на струја , вода и кислород. Но дали некој и кој  извршил увид на овој процес?

Неодамна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски објави документ кој покажува дека Министерството за здравство барало модуланите болници да бидат составени од ѕидни и кровни пур панели, кој се ефтини, но и се и најслабо огноотпорни.

Исто така надлежното министерство никаде не бара да бидат доставени “А” тестови од произведувачот на било кој материјал кој е вграден во болниците. Правилникот вели дека овие објекти се од категорија “Г” и за нив важи дека истите мора да имаат огноотпорност од најмалку два часа. Во реалноста – болницата во Тетово изгоре за само две минути.

Она што е јасно е дека во ниту една од модуларните болници немало

противпожарни системи, а уште помалку план за евакуација – освен таа на скопските клиники.

Инаку, Од 15 април годинава, кога беше пуштена во употреба, до катастрофалниот пожар на 8 ми септември , кој однесе човечки животи, ковид-центарот во тетовската болница на двапати се најде во фокусот на јавноста. Еднаш заради сечењето на цефките за довод на кислород и претходно на самото отварање кога беа утврдени грешки при градбата.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста