ЗА СЕГА НЕ СЕ ПОЗНАТИ БУНДЕС ЕКИПИТЕ КОИ ПОКАЖАЛЕ ИНТЕРЕС ЗА ДАРКО ВЕЛКОВСКИ

Иако сите се трудат да откријат за кој или кои бундеслигашки клубови станува збор, кога вчера се спомна интерес за нашиот репрезентативен стопер Дарко Велковски, имињата на екипите се уште не се познати. Германские медиуми деновиве се тркаа со пофалбите на сметка на членот на Риека, а некои дури си дозволија дефанзивецот да го наречат кајзер. Инаку Велковски има договор со Риека само до крајот на оваа сезона, а заради тој податок може да биде и уште поинтересен за бундес тимовите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста