За првиот човек на историската комисија Ѓорѓиев, Бугарите не биле фашисти

Бугарија не била фашистичка земја , ова е последната изјава на копретседавачот од  македонската страна на мешовитата историска комисија меѓу Македонија и Бугарија. Драги Ѓорѓиев во интервју за Радио Слободна Европа вели дека дури и терминот бугарска фашистичка окупација не бил прикладен.

Според мене, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Според мене, оној термин кој овде може да се користи, за кој треба да се дебатира, повторно ние не може тоа со наша одлука да го наметнеме се разбира, е да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија доколку победеле силите на оската, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. – изјави копретседавачот на мешовитата комисија Драги Ѓорѓиев.

Според Ѓорѓиев кој е претставник од македонската страна на комисијата, Бугарија немала ниту фашистичко уредување.

Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија – вели Драги Ѓорѓиев.

Ваквите ставови на Ѓорѓиев посебно зачудуваат особено оти се дадени во период кога  Македонија се е на мета на бугарските историчари и политичари. Ангел Димитров кој е копретседавач од бугарската страна на комисијата пред само два дена рече дека во Македонија имало мит дека Гоце Делчев бил Македонец, вели таквите информации биле неточни и апсурдни.

Невообичаен е односнот на македонските членови на комисијата особено по изјавите на нивните бугарски колеги,  ги омекнуваат ставовите за каква држава била Бугарија во втората светска војна. Останува отворено прашањето дали ваквите изјави се начин на додоворување кон источниот сосед за да ја крене рапмата за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, што значи политичко мешање на работата во комсијата или пак станува збор за нешто друго.

Дека своевиден пристисок врз работата на комсијата од страна на политичарите особено во Македонија, имало, тврди и поранешниот член на мешовитата историска комисија Ванчо Ѓорѓиев.

За време на работата, на комисијата се наоѓаше внатре висок функционер од МНР. Човек на којшто не му е местото тука. всушност тој човек беше овде за да надгледува и да дава некакви инструкции, се разбира тоа на малку посуптилен начин, но неговото присуство беше неспорно тука – изјави Ванчо Ѓорѓиев.

До каде е подговтвена македонската влада да оди за да се удоволат барањата на Бугарија засега не се знае, но ново барање на дел од бугарските политичари е земање на коските на Гоце Делчев.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста