За прв пат во историјата Иранците развеаја црвено знаме кое симболизира тотална војна!

Иранските теолошки власти го подигнаа црвеното знаме кое означува почеток на тотална војна, над џамијата Џамаркан во градот Ком. Според шиитската муслиманска традиција развејувањето на црвено знаме над една од најважните џамии во Иран значи дека земјата се наоѓа во состојба на општа воена мобилизација и дека следува тотална војна. Според арапските медиуми, ова знаме се подигнува за прв пат во историјата на Исламската република.

Ваквиот потег следува по ликвидацијата на врховниот ирански генерал Касим Сулејмани во Багдад од страна на американски дронови, а по директна наредба од претседателот Доналд Трамп. Иранските власти се заканија дека ќе следува жестока одмазда во било кој момент.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста