За прослава за Рамковниот половина милион евра,за Илинден и независноста сумите се чуваат во тајност

Шест дена молк од Владата колку пари ќе чини овогодишното прославување на едни од најголемите државни празници во Македонија, 2 август Илиден и 8 ми септември, ден на независноста на државата. Додека власта крие за овие празници колку ќе потрошат, јавно е достапна информацијата дека за одбележување на Охридскиот рамковен договор Владата обезбеди половина милион евра за активности и одбележување на истиот. Прославите за 2 август и 8ми септември траат речиси секогаш по еден ден, а славењето на потпишувањето на рамковниот договор оваа година ќе трае повеќе од 15 дена.

Првиот вицепремиер Груби кажа дека не знаел точно дали ќе биде потрошена сумата од неверојатни 500 000 евра, но рече дека поважно било што донел рамковниот договор за државата, отколку колку пари ќе чини славењето на 20 годишнината од истиот.

Инаку ако се погледнат одбележувањата на осми септември минативе барем две години, истите беа многу поскромни. Лани може како оправдување да биде пандемијата, но какво е оправдувањето за пред две години, кога наместо на преполн плоштад како што се случувало низ годините прославата беше на многу помал простор, пред Школка во скопскиот градски парк.

Состојбата иста е и со втори август, исто лани поради пандемијата прославата во Крушево на Мечкин Камен беше скромна, но зошто пак беше таква и во 2019-та, ниту малку слично како претходни години, кога прославата била многу поеуфорична.

Досега она што е познато за осми септември е какво ќе биде логото за прославата на осми септември, а истото предизвика бура реакции во јавноста, поради тоа што граѓаните кажаа дека било згрешено македонското знаме.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста