За пребројување на ливчињата ќе се одлучува утре

По пристигнатите 82 приговори вчера до Државната изборна комисија за одржаните предвремени парламентарни избори, првиот човек Оливер Дерковски вели дека по истите ќе се одлучува вo недела или понеделник, кога треба да биде донесена и одлука за пребројување на гласачките ливчиња.

-Ќе почекаме до утре да помине и другиот рок, па недела или понеделник ќе заседава комисијата и ќе одлучува по поднесените приговори, рече претседателот на ДИК гостувајќи синоќа во Алфа ТВ.

ДИК во следните 72 часа, по поднесувањето на приговорите, ќе треба да одлучи дали и кои од нив ќе бидат прифатени.

Дел од политичките партии по завршувањето на изборите и прогласувањето на први неофицијални резултати од страна на ДИК реагираа дека станува збор за резултати на кои не може да им се верува.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста