За новиот премиер нов прибор за јадење: Владата ја подновува кујната- 88 евра за една чинија, а 10 евра за нож

Новиот премиер нема да јаде и пие од истиот прибор на Зоран Заев. 37 илјади евра чини новиот кујнски прибор на Владата кој го набавува Службата за општи и заеднички работи. „Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“, сите три фирми од Скопје, треба да обезбедат 30 парчиња ножеви од по 10 евра, вилушки од по 9 евра и лажици од по 6 ипол евра. За угостителскиот прибор за јадење со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал Владата ќе искешира 17 илјади евра.  

Новиот премиер ќе пие од кристални чаши кои чинат по 5 ипол евра за парче. Чиниите пак, оние за главно јадење чинат по неверојатни 88 евра и за нив ќе се одвојат 2650 евра, а останатите по околу 50 евра.

Службата за општи и заеднички работи склучила со договор нема да ја подновува Владата само повеќе комплети кујнски прибор туку и ќе обезбеди нешто и од висококвалитетна бела техника. Софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка како и машина за пакување храна.

Па така, од договорот со СОЗР најмногу ќе заработи „ДЛ Конкорд“ или над 17 илјади евра. Скоро 12 илјади и 600 евра добива „Еурефи инжинеринг“ и  7 ипол илјади евра ќе се одвојат за „Дидакс“.

Но прашањето на Алфа зошто во време на економска криза се купува толку скап прибор и дали владината кујна досега го немаше, од Владата велат дека

набавката била за потребите на сите државни институции, вклучително Претседателот на државата, Собранието и владините институции, како и за сите посети на странски делегации, а не само за владата и премиерот.

Од 2017 година наваму воведена е нова рационална практика со која угостителските услуги се користат во објекти под ингеренции на Службата за општи и заеднички работи, по ниски цени и со услуги кои ги испорачуваат самите вработени во службите. Со оглед на високата фреквенција и високото нивото на странски делегации и посети во земјава, поцелисходно и порационално е да се набават 30 парчиња прибор за јадење за високи странски делегации, за посети на претседатели, премиери и други високи гости на држави и со тоа услугата да се извршува на соодветно и квалитетно ниво колку може почесто во објектите на СОЗР односно Владата, отколку при секоја странска делегација да се плаќаат високи сметки во скапи и луксузни приватни ресторани- велат од Владата.

Владата се правда дека ова била прва ваква набавка во последните 10 години иако спаѓала во редот на редовните за потрошен материјал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста