За неуспесите на власта на СДСМ им се виновни ВМРО-ДПМНЕ- Заев бара 6-7 години за резултати

По четири години власт, на СДСМ и Заев за неуспесите се уште им се виновни од ВМРО-ДПМНЕ. Иако во опозиција, Мицкоски бил оној кој ги минирал сите напори за развој на државата, вели Заев во интервју за Капитал. Според него поднесувањето амандмани на опозициските пратеници во Собранието, било блокирање на државата.

-За жал голем дел од постапките што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и надвор од него, се блокади, лажни вести и манипулации кои се опасни и штетни по државните и национални интереси, по интересите на граѓаните. Застануваат буквално против секој важен процес за државата, од напредокот во НАТО и ЕУ, преку борбата со коронавирусот, па еве деновиве гледаме дека се и против Пописот, вели Заев за Капитал.

Македонија годинава е на катастрофалното 106-то место во рангирањето на индексот за перцепција на корупцијата. Но вицепремиерот за борба токму против корупцијата, Љупчо Николовски вината не ја гледа кај себе. И за него виновни биле ВМРО-ДПМНЕ.

-Не, апсолутно Љупчо Николовски не виновен за децениските проблеми кои што ги има државата, за работи кои сме требале многу одамна да ги направиме. Ова е генерација на политичари, предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски, целиот наш тим, направи крупни чекори за оваа земја. А ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво се симбол на корупцијата и криминалот, изјави Николовски.

Покрај префрлувањето на вината кон опозицијата, Заев по четири години владеење порача дека се уште било рано да ги гледаме резултатите од работата на власта, требало да се почека уште 6 или 7 години.

-Ова време живееме на еклатантно верифицирање на доказите. Како може една политика да уништи се, па дури и перспективи за кои што не се доволни четири години, веројатно треба 10 или 11, изјави Заев.

Според Заев опозицијата се водела од мантрата „колку полошо за државата, толку подобро за ВМРО“.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста