За неполн месец вакцинирани 13 илјади деца против голема кашлица, ДИ-ТЕ-ПЕР вакцини за возрасни нема

За неполн месец вакцинирани 13 илјади деца против голема кашлица, ДИ-ТЕ-ПЕР вакцини за возрасни нема

Расте бројот на нови случаи на голема кашлица, најмногу има во главниот град . До денеска потврдени се 56, од кои дури 46 се во Скопје, а останатите во Тетово, Гостивар и Куманово. Комисијата за заразни болести предупредува дека состојбата во моментов не е стабилна, но била под контрола. Меѓу случаите се појавуваат пациенти и кои имаат над 14 години, а возрасните заразени лица се на возраст до 49 години, но најризична категорија се малите деца.

„До денеска се потврдени вкупно 56 случаи. Од нив 14 се деца под една година, а 9 дополнително се на возраст од 1-4 години. Од вкупниот број 16 се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани. Сега се појавуваат адолесценти, деца на возраст од 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во текот на следните недели ќе има промена на демографската структура на позитивните случаи, очекуваме кај повозрасните да се потврдува почесто оваа болест“, рече Петличковски.

Вакцини за возрасни во Македонија  се’ уште нема. Иако „Пертусис“ не е тешка болест за нив и има достапен лек, сепак можат да бидат преносители за дечињата и затоа се размислува за имунизација на возрасните. Комисијата за заразни болести очекува вакцините да пристигнат наредната недела. Инаку, Од 18 јануари до 14 февруари вкупно се вакцинирани над 13 илјади деца, но се уште остануваат илјадници кои треба да примат вакцина. До крајот на неделата, Комисијата ќе го објавела упатството за однесување во епидемија.

. И уште, дискутиравме малку и за тестирањето, за начинот на организација на тестирањето за што повеќе лаборатории од јавното здравство да бидат спремни да одговорат на барањата за тестирање, така што во следниве денови навистина брзо очекуваме да се реагира, да се проценат лабораториите кои исполнуваат услови за воведување на ова тестирање и исто така да се назначи, да се формира една референтна државна лабораторија, во која би можеле да се потврдуваат случаите на пертусис позитивни од приватни лаборатории. Тоа ни се заклучоците од денешниот состанок, рече Петличкоски.

Инаку, од голема кашлица, населението може да се заштити само со вакцината ДиТеПер, која се прима пет пати во текот на животот, во детската возраст. Првата ревакцинација, почнувајќи од 2015, бележи континуирано опаѓање достигнувајќи најнизок опфат од 66 отсто во 2020 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста