За Комисијата за односи со верските заедници спорна е графата „Христијани“

Резултатите од пописот не даваат точна слика за религиската определеност на граѓаните – реагира претседателот на Комисијата за верски заедници Даријан Сотировски. Оправдани се реакциите во јавноста бидејќи стои нејасниот формален впечаток за верската карта поради посебната графа „Христијани“ и деноминациите.

Јас имам полно разбирање за реакциите на јавноста кои се во делот на религиската определеност. Ваквите резултати не ја покажуваат точната верска слика. Првиот дел е во категоријата на Христијани – религиска определеност, и вториот оној процент од 7.2 административно заведени, без детални информации – вели за Алфа претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.

Комисијата ниту пред ниту за време на попишувањето не била контактирана од Државниот завод за статискика. Иако, ДЗС, според Сотировски, презеле демократска методологија на попишување, има прашања кои ќе бидат отворени до следниот попис.

Во однос на нашата соработка со ДЗС ние не сме биле консултирани од нивна страна, за религиската определеност  ДЗС презеле методологија демократско, во празно слободно поле се изразујваат религиски. Но само по себе прави проблеми… Се појавува и едно друго отворено прашање, ние имаме 42 верски субјекти, а овие резултати покажуваат далеку помала бројка. Ваквите резултати во однос на релгииската определеност, ќе остават не до крај јасна слика, и еден неточен формален впечаток за тоа што се вика определеност по религиска основа. Има прашања кои ќе бидат отворени до следниот попис – вели Сотировски.

Резултатите од пописот кои се однесуваат на верската определба ги збунија граѓаните и предизвикаа остри реакции во јавноста, токму посебната графа на пописните материјали насловена „христијани“  покрај оние како „православни“, „католици“, „протестанти“  за која според религиската припадност се изјасниле дека припаѓаат 242.579 граѓани. Останува отворено прашањето како е направена оваа грешка и оваа припадност, дали и на која црква, верска заедница, или религиозна група припаѓаат оние кои се определиле само како „христијани“.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста