За хронично болните нема приоритет за вакцина како во другите земји, ќе се жалат до амбасадите и меѓународните организации

Жалби до меѓународните организации, но и до странските амбасади во земјава, најавуваат пациентите и здруженијата на хронично болни, откако останаа извисени од државата и не добија приоритет за вакцинација. Преку социјалните мрежи се активираат да ги известат сите релевантни институции во светот дека здравствените власти во земјава ги игнорираат нивните молби што поскоро да добијат вакцина поради серизоноста на своите долгогодишни дијагнози. Гневни се на игнорантскиот однос на власта.

„Уште веднаш да се фатат адвокати надвор од Македонија. Мора сами да се избориме за нашите права. Никој веќе не смее да се изживува со нас“.

„Во секоја нормална држава ретките болести се приоритет. Држава која не се грижи за најранливите категории на граѓани, не смее да се нарекува држава!!!“.

„Тие имаат одговорност и обврска кон болните и ризични групи и сметам дека ова е грешка што мора да се исправи“, пишуваат пациентите со ретки болести на социјалните мрежи.

Наодамна и од здружението „Живот со предизвици“ алармираа дека хроничните болни и пациентите со ретки болести мора да имаат предност за вакцина како што тое е пример во други земји во светот. Алармираат дека најголем дел од починатите од Ковид 19 се токму лица со хронични заболувања и дека ризикот болеста да заврши фатално кај нив е најголем. За овој проблем ги информирале надлежните институции, но оттаму не добиле никаков одговор.

„Никаде не се гледа онаа точка кога ќе почне вакцинирањето на овие луѓе со хронични болести, а воопшто со ретки болести не се ни ставени на истата. Испративме писма и до Комисијата за ретки болести, разговаравме и со премиерот кога беше денот на ретки болести во Февруари. Дефинитивно сите здруженија кажаа дека е многу важно ретките болести да се стават на листа на приоритети, како што тоа се прави во другите држави“, вели Весна Алексовска од здружението „Живот со предизвици“.

Министерот за здравство Венко Филипче и натаму не отстапува од својот став дека пациентите со хронични заболувања се многубројни и оти ќе треба да си го чекаат редот за вакцинација согласно нивната возрасна група. Но, она што овие пациенти ги плаши е и фактот дека меѓу нив има, најбројни се оние на возраст помеѓу 20 и 50 години, кои стравуваат оти со месеци ќе бидат изложени на опасност од вирусот поради бавниот процес на вакцинација и недостигот на вакцини во Македонија.

Во моментов на вакциналните пунктови и во Спортскиот центар Борис Трајковски се имунизираат повозрасните граѓани на над 73 годишна возраст. Утре се очекува да стигне нова пратка од 10.000 вакцини на Фајзер, а во среда ќе треба да дојдат 200.000 дози од кинеската вакцина Синофарм. Со овие вакцини ќе треба да стартува долгонајавуваната масовна вакцинација на населението.

Ди сега во земјава се вакцинирани еднај 4 отсто од граѓаните кои согласно националниот план би требало да примат анти ковид вакцина.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста