За функционерите од власта, забрзаната градежна офанзива не била во функција на брзи избори

Додека здравствените власти, суптилно го најавуваат сетот мерки за олабавување на актуелната вонредна состојба, условена од Корона-кризата, а Заев пак, плашејќи се од некаков нов, есенски пик на заразата, исто така суптилно укажува на потребата од брзи избори, градежната офанзива во земјава, како да е пуштена на најјако. Капиталните проекти, кои беа најавувани уште на почетокот на мандатот од оваа власт, а со чие финиширање во најголем процент се доцни, последниве денови, стануваат главна преокупација. Државава се претвора во големо градилиште. Во таа насока, денеска увид во градежните работи на патниот правец Прилеп-Тополчани- Битола, извршија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за ДП, Зоран Китанов. Министерот Сугарески, одговарајќи на прашање на Алфа, рече дека во интензивирањето на градежните активности, тој не препознава латентна подготовка за брзи избори, туку напротив тоа биле тековни активности, зацртани со планот и програмата за работа, донесени многу порано.

Директорот Китанов пак, ги демантираше забелешките дека со реализацијата на поголемиот дел од капиталните проекти на територијата на целата држава, се доцни. Според него, се’ се одвивало согласно претходно утврдената динамика, освен онаму каде, како што рече, минатата власт направила пропусти кои морало да бидат корегирани, па тоа им одземало дополнително време. – рече Горан Сугаревски – Министер за транспорт и врски

Според Китанов, тековно се работело и на други патни правци во земјава, како и на санацијата на бројните свлечишта.

Инаку, освен во Пелагонискиот регион каде што последниве денови интензивно се работи на рехабилитацијата на повеќе патишта и улички, вклучително и на локални мовчиња кои чинат и по фрапантни 730.000 евра, со градежни активности, по две години од првичната најава, се зафати и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и ја започна изградбата на новиот мост на Булеварот „АСНОМ“, долг 150 метри, а вреден 6 милиони евра. – изјави Зоран Китанов – Директор на ЈП за ДП

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста