За Фетаи неверојатните надоместоци за специјалните обвинители биле „ништо посебно“

Обвинителката Фатиме Фетаи не гледа ништо спорно и неморално во огромните надоместоци кои ги добивале таа и нејзините колешки од Специјалното обвинителство за молчење во врска со доверливи документи. Само е изненадена од брзината на реакцијата на сите институции да се истражат надоместоците, кои, „не биле далеку од патните трошоци на некои пратеници, и не се разликувале од она што го добивале специјалните обвинители во земјите од регионот“. Иронично забележува дека е зачудена како и Европол не се заинтересирал за нивните пари.

Фетаи тврди дека немало никаков претрес во СЈО, туку барање за собирање документација врз основа на која јавниот обвинител би можел да определи што понатаму. Обвини дека истрагите кои ОЈО ги презеде од згаснатото СЈО седат во фиоки, а поранешните специјални обвинители практично се претворени во „магационери и архивари“ на предметите кои се во фаза на истрага.

Инаку, од СЈО покрај обвинителите ќарувале и функционери од власта. 40.000 евра завршиле во џебот на Примислав Димовски, 33 илјади во џебот Лазо Велковски. 26.000 евра добил и директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Пари од оваа каса добиле и деца на функционери на СДСМ и на судии.  20 илјади евра завршиле во џебот на Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ. Речиси исто добила и Катерина Тунџева, ќерка на директорот на Катастар, Борис Тунџев. 6.000 евра помалку од нив добила Марија Василевска, ќерка на екс директорот на ЕЛЕМ, Сашо Василевски.  На платниот список на СЈО, биле синовите на судијките Мира Ангелеска и Лидија Неделков, како и ќерката на заменичката на Јанева, Елизабета Јосифоска. И уредникот на сега згаснатата 1тв, Сашо Орданоски, земал пари од Јанева. Тој од СЈО наплатил речиси 4,200 евра во текот на 2018-та.

Драган Милосављевиќ

 

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста