За „еурокомпозитовци“ нема пари во државната каса

Изоставени од сите четири кризни мерки на Владата, извисени со доисплатата на отпремнините, превеслани со реализацијата на лани донесениот Закон за покривање на заостанатите придонеси за шест години, „еурокомпозитовци“ при вчерашната средба со вице-премиерот Фатмир Битиќи, доживеале нов шок и нова ароганција од негова страна.

    „Пари во Буџетот за вас, за оваа година – нема. Вика, средствата да влезат во наредната 2021 година. Апсолутно, ние не сме задоволни од одговорот“, – вели Пеце Велјаноски, кој е технолошки вишок.

   „Сега ќе се правела нова проценка на фирмата?! Се барал инвеститор, потенцијален купувач за да се намалат обврските од околу 6 милиони евра“, – посочува Цветан Бунтески, кој исто така е технолошки вишок.

  „Вчера, на вице-премиерот му беше поставено прашање дека и да скаме да си одиме, нема кој да ни потпиши. Па, се засили вицепремиерот и рече, „ќе ви донесам агрегат, струја, компјутерите ќе ги пуштиме и одма решение кој сака да си оди, ќе ви дадеме“, – револтирано раскажува Борко Томески.

Инаку, загубарот „Еурокомпозит“ има негативно салдо од 3.800.000 евра, а абер нема ниту од стратешкиот партнер, за кого, во изминативе години, власта увереуваше дека веќе бил познат и се преговарало со него, а за премиерот Заев двата милиони евра за придонеси, не беа проблем. 

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста