За една година храната поскапела за 11.4%

Бранот поскапувања не запира и покрај мерките на власта. Цените  растат речиси секојдневно, иако на сила е замрзнатата маржа на основните производи, и нула проценти ДДВ. Статистиката пресмета дека живеачката поскапела дури за 8,8%. Граѓаните се жалат дека веќе не им е потребна официјалната статистика. Џебот не може да ги издржи поскапувањата.

Статсиката соопшти дека за една година храната и пијалокот поскапеле за  речиси 9 %, алкохолот и цигарите за 8 %, комуналиите за речиси 8 %.

За да се преживее еден ден во Македонија, потребни се минимум 1.200 денари, велат граѓаните, а со примањата во државава тешко дека може да си го дозволат и минималното.  Од овој месец работниците на минималец треба на своите сметки да добијат 18.000 денари, што е двојно помалку од минималната синдикална кошница за едно четиричлено семејство која изнесува 36,146 денари.  

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста