За една година бројот на деца питачи зголемен за 500

Економската криза го зголеми  бројот на деца кои питачат по улиците,  покажуваат анализите на  Здружението за заштита на маргинализирани граѓани„Градиме иднина. За една година нивниот број пораснал за 500, односно од 1500 сега е зголемен на 2000.   Истражувањата од терен покажуват дека децата најчесто се злоупотребуваат од своите родители.  Ги препродаваат на организирани групи, кои со комбиња ги превезуваат од еден во друг град. Децата работат во три смени, а работното време им завршува во раните утрински часови.

   „ Во износ од питачењето, они добиват од 3000-4000денари. Макроата, мафиите, биолошките родители им ги одземаат парите, ги тепат, понекогаш ги претепуваат и до смрт. За жал од тој износ децата добиваат само од 50-100денари„-изјави Илија Јовановиќ, претседател на НВО„Градиме иднина“.

За состојбата со питачењето не се виновни само родителите. Проблемот е системски, објаснува Јовановиќ. Потребна е силна едукација, решавање на станбеното прашање, но и поригорозни законски мерки..

  „Јас барав од Јавното обвинителство да се изменат законите каде што им следува на родителите, организаторите затворски казни од 1 до 7години. Јас барам кривично да одговараат од 10-15години“-изјави Илија Јовановиќ.

Истражувањето спроведено во рамки на проектот„Стоп за питачење„ укажува дека околу 2000деца во државата секојдневно питачат, 18.700 не се во училишните клупи, а 1500деца од ромската популација се без матичен број.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста