За десет дена 42. 000 вкупно заболени и над 13. 000 активни случаи, прогнозира професорот Трајковски

Епидемијата со Ковид- 19 се наоѓа во фаза на забрзување што може да се види преку базичниот репродукционен број чија вредност е 1, 5. Меѓутоа, ние имаме и скриен репродукционен број заради недволниот број на тестирања, а ставката на позитивни тестови е околу 30 проценти, далеку над препорачаната вредност на  СЗО од 10 проценти. Тоа значи дека дневниот број на новозаболени се зголемува за 7%, што според прогнозите на битолскиот професор д-р Дејан Трајковски е во насока на забрзување.

  • Доколку продолжиме со ова темпо, за десеттина дена вкупниот број на дијагностицирани ќе достигне околу 40. 000 плус/ минус две илјади. Бројката на активните случаи ќе се покажи над 13. 000 дотогаш, а познато е дека колку повеќе активни случаи имаме, кои се резрвоари на вируси, толку повеќе и се шири епидемијата и ризикот е толку поголем- рече битослкиот професор д-р Дејан Трајковски.Изјава

Во вакви околности, според статистичката анализа на битолскиот професор, Македонија е држава со највисок ризик.

  • Ризикот со текот на времето с`е повеќе се зголемува. Ако границата на многу висок ризик е  120 на сто илјади за 14 дена, сега ние имаме 430, речиси четири пати над оваа граница со висок ризик. Ние не сме во виолетов, туку да имаше и кафеав аларм, и тоа ќе го пробиевме- рече д-р Трајковски.

Епидемијата може да се сузбие само со апели и превентивни мерки, но тоа важи само во Јужна Кореа и Јапонија, а кај нас тоа така не може. Единствено што можеме да им препорачаме на граѓаните е да се однесуваат исто како да имаме полициски час од 16 часот до 5 наутро, смета д-р Трајковски.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста