За децата од посебните паралелки образованието и социјализацијата во училиште се клучни, но за нив уште нема никакви насоки

Училишното ѕвонче и училишната атмосвера не може ништо да ја замени-токму затоа новата учебна година и онлајн учењето ќе биде предизвик за сите,велат психолозите.Но,се чини најмногу за учениците кои посетуваат посебни паралелки.За нив и тоа како е важна социјализацијата и работењето со стручни лица.

-Навистина сметам дека за нив е многу подобро да бидат тука во училница..бидејќи структурата на ученици со посебни потребни, особено во нашето училиште е тоа што повеќе се деца од селска средина каде ретко кој поседува техника за учење онлајн, а да не зборуваме за оспособеност на нивните родители да бидат присутни на компјутер..тоа е во речиси 99 проценти од случаите невозможно, изјави психологот Маргарита Гашевска

И додека се оформуваат начините за тоа како ќе се одвива наставата, за посебните паралелки досега нема никакви насоки, велат во училиштата.  A,родителите постојано прашуваат како и кога ќе се започне со школската година.

-Прашуваат секој ден но немаме одговор… Не знаеме, чекаме и ние одлука од министерството, општината, како ние така и родителите и учениците не знаеме како ќе биде, a спремни сме, изјави Самие Алили- Директор на О.У. Лирија Тетово

Психолозите сметаат дека само онлајн учењето нема да има ефекти.Ниту учениците се оспособени за тоа,ниту сме ние подготвени како општество, заедница и како семејства да одговориме на овој предизвик.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста