За Богдановиќ штрајкуваат „нелегалните“, пазарџиите гневни – не си играјте со нашиот леб

Пазарџиите трет ден протестираат, а градоначалникот на Центар наоѓа чудни оправдувања.

Вели дека не протестирале оние кои уредно плаќаат за своите изнајмени тезги, туку само оние кои нелегално работат и ги искористуваат паркинг местата при нивното нелегално работење. Со тоа правеле штета, а ќе се сретне со нив кога ќе му достават барање за такво нешто.

„Ова е една од мерките со кои што се обидуваме да го решиме проблемот кој се наталожувал, имаме доста активности на нелегална трговија која се случува на паркинг местата, имаме узурпација на простор уништување на урбана ипрема баш од луѓето кои што претпоставуваам сакаат средба“, изјави Богдановиќ.

Додека градоначалникот бара различни оправдувања за поскапувањето на паркинг местата, пазарџиите се плашат дека и она малку што го заработуваат ќе го немаат.

Тие велат дека последиците од оваа мерка веќе се видливи- потрошувачите се во се помал број поради скапиот паркинг..

Пазарџиите не се откажуваат. Алармираат до надлежните да не си играат со нивниот леб и најавуваат радикализација доколку не биде решен нивниот проблем.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста