Двојно зголемен бројот на нови ковид случаи за една недела – дополнителни рестрикции нема

За само една недела бројот на заболени од ковид- 19  двојно е зголемен. Загрижува растот на ковид кривата што за само седум дена забележува 3.628 нови случаи, што е зголемување за 56 %,се наведува во последниот извештај на ИЈЗ.  Дури 46 отсто од ново регистрираните случаи се во Скопје. Состојбата не е поразлична и во Кавадарци, Неготино и Прилеп.

За разлика од претходно, сега и помладите лица се почесто се заразуваат, па дури половина од потврдените нови случаи се граѓани на возраст од 20 до 50 години. Иако најголемиот број – 25% и понтаму се повозрасни лица над 60 години.

Заболени лица по годишна возраст:

од 20-29 (14,6%)

30-39 (18,4%)

40-49 (18,2%)

50-59 (16,9%)

Над 60 години (25 %)

И покрај ваквите ковид бројки, Комисијата за заразни болести се уште не размислува за дополнителни рестрикции, но не ја исклучуваат можноста за понатамошно заострување на мерките.

Дека треба да се воведат построги мерки предупредува и професорот Никола Пановски, но вели економијата во земјава тоа нема да го издржи.

Расте и бројот на пацинети на кои им треба болничко лекување, близу 800 луѓе се хоспитализирани на инфективните оддели во земјава, само 323 лица се лекуваат во ковид центрите во главниот град.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста