За 50 илјади регистрирани возила, Тетово има само 420 паркинг места

На околу 50 илјади регистрирани возила, Тетово има само 420 паркинг места,а колку за споредба, Гостивар има двојно повеќе.Градот долго време има хроничен недостаток на паркиралишта,што создава огромен метеж и навика возачите да паркираат буквално кој каде стигне.Но,ова не е единствен проблем на ЈП-новиот директор алармира за бројни нерегуларности во функционирањето, што создало и огромен долг.

Се направи целосна истрага околу тоа што се случувало..Имало многу неправилности, нелогичности,но гледаме сето тоа да се исправи и да почнеме од ново.Се продавале разни картички, се правеле дупликати,но, кога дојдов како директор, сите овие работи ги снема, се се исчистило преку ноќ.Но, се надевам и мислам дека обвинителството на крајот ќе си го каже своето-вели Игор Додевски-Директор на ЈП градски паркинг.

Во Тетово дневно цикрулираат можеби и повеќе од 50 илјади возила, особено овој период кога се дојдени и исселениците.Како алтернативно решение, периодов кога училиштата не работат, нивните дворови се пренеманети како паркиралишта.Тетовци сепак, бараат сериозни решенија за овој голем проблем,со кој Тетово се мачи со години.

Во ЈП градски паркинг велат дека имаат планови и решенија кои се надеваат дека ќе успеат да ги реализираат, со оглед на огромниот долг кој го има и самото претпријатие но, и општина Тетово.Се предвидува до крајот на годинава да се отворат нови зони за паркирање со околу 800 места и изградба на неколку катни гаражи-нешто што со сигурност ќе го растовари метежот, но ќе обезбеди и подобар проток на сообраќајот,а со тоа и поголема безбедност.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста