За 5 месеци реализирана едвај една петина од капиталните инвестиции за цела година

Поставување водовод неколку месеци, па канализација, па којзнае што. Важно дупките стојат со месеци, теренот не се враќа во првобитната состојба, а колите и камионите возат бавно. Ова е сликата што секојдневно може да се види низ улиците во Македонија. На еден од излезите од Скопје, сообраќајот се одвива отежнато. Кога ќе се отворат границите без обврска за негативни корона тестови, тешко дека некој од Македонија навреме ќе стигне во Косово и обратно.

„Градежните работи на Јадранска магистрала траат веќе извесно време. Илјадници луѓе секојдневно мака мачат како да стигнат до своите работни места во зоната во Визбегово. Отежнат е сообраќајот кон градовите во внатрешноста. Бизнисмените алармираат дека по отворањето на границите отежнат ќе биде сообраќајот до преминот Блаце на границата со Косово“

Инаку слабо се гради низ цела држава. За 5 месеци се изградиле само 18.5% или 59 милиони евра од планираните патишта, мостови, болници за цела година.

И за капиталните инвестиции во Владата нема заеднички став. Додека техничкиот премиер Спасовски е тврди дека брзо се гради и покрај корона вирусот, вицепремиерката Мила Царовска се правда токму со Ковид-19, со лошите временски услови и со парламентарните избори.

Министерствата за економија и локална самоуправа не успеале да потрошат ниту 1 процент за капитални инвестиции од планираните суми. Министерството за транспорт стои најдобро со потрошени 18.5% од парите. Минатата година заврши со реализација од 78%, а 2018-та беше најлоша година со завршени само 65% од проектите.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста