Вухан направи над 6,5 милиони тестирања за Корона вирус во 10 дена

Кинескиот град Вухан направи повеќе од 6,5 милиони тестирања за Корона вирус во период од 10 дена, како дел од намерата да ги тестира сите 11 милиони граѓани, објавија кинески државни медиуми.

Градската здравствена комисија побара од сите кои не се тестирани да се пријават до крајот на денешниот ден. Не е регистриран ниту еден нов случај на COVID-19 во тие 10 дена, а пред кампањата беа тестирани 3 милиони луѓе во градот пишуваат кинеските медиуми.

Кампањата беше лансирана откако беше откриен кластер од шест случаи во една станбена зграда. Во Вухан, градот каде лани во декември почна заразата со COVID-19 и прерасна во пандемија, е најтешко погодениот град во Кина, објави Associated Press.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста