Вучиќ се повлече – нема полициски час во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ се повлекува од одлуката за воведување полициски час од петок до понеделник, по синоќешните протести во Белград. .  Со сила нема да постигнете ништо , порача денеска српскиот претседател, додавајќи , дека  Кризниот штаб ќе ги заостри мерките, но нема да има полициски час

  • „Јас сум против тоа, но Ана и Златибор имаат поинаква идеја, па затоа ќе се усвојат мерки и ќе се одлучува за нив утре, но најверојатно нема да има полициски час за викендот. Со оглед на ситуацијата со која се соочуваме, чувствував дека е потребен полициски час и дека мислев дека тоа е единствениот спас, забрана за движење, што ќе значи брзо закрепнување. Ова е како да се плашам дека ќе им помогнеме на некои..“-изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Србија денеска го регистрира вториот рекорд според бројот на заразени, 357.. Полинаа 11 луѓе, а на респиратори се поставени 118. Вучиќ им се заблагодари на лекарите за нивната издржливост и извести дека ќе се отворат нови Ковид-болници се со цел успешно справување со пандемијата.  Сето ова што се случуваше во Белград во последните 3-4 дена е заедничка неодговорност вели Вучиќ. Српскиот претседател ги повика граѓаните да не се групираат и оддржуваат масовни собири.

Синоќа илјадници граѓани излегоа на улиците во Белград во знак на протест по најавите за воведување полициски час до петок до понеделник поради зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Најмалку 43 полицајци и 17 граѓани беа повредени во синоќешните немири во Белград, 5 полициски возила беа  запалени, а 23-ца демонстранти се приведени..
Денеска состојбата е мирна, но за попладне беа најавени нови протести..

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста